Играч на Брајтон ја одби Ц. Звезда затоа што жена му не сакала да живее во Србија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Црвена Звезда остана без одличниот напаѓач Томер Хамед, кој беше на чекор до српскиот шампион, но трансферот нема да се реализира.

Сопругата на Израелецот не сакала да се пресели во Србија, па поради тоа пропадна потенцијалниот трансфер на Хамед.

Црвено-белите од Белград ќе се фокусира на други желби, а една од нив е Ричмонд Боакије, кој сака да се врати од Кина во Белград, но Џиангсу Сунинг засега не сака да го продаде.

Од друга страна, Хамед ќе побара нов клуб затоа што во Брајтон не сметаат на неговите услуги.