Снајдер: Јувентус нема да ја освои ЛШ, Роналдо не може да игра сам!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот играч на Интер, Весли Снајдер, смета дека Јувентус не може да ја освои титулата во Лигата на шампиони.

Кристијано Роналдо летово пристигна во Јувентус од Реал Мадрид, па поради тоа Италијанците се фаворити за трофејот, но искусниот Холанѓанец смета дека ниту Португалецот не може да им помогне во таа намера.

„Мислам дека Јувентус нема да биде шампион во Лигата на шампиони. Не станува збор за само еден играч. Јувентус е одличен во Лигата на шампиони во последните години, но не може да игра сам. Постојат посилни екипи од Јувентус. Мислам дека во Италија воопшто нема да се бори. Што се однесува до Роналдо, тоје  голем играч и професионалец, па лесно ќе се прилагоди на италијанскиот фудбал“, кажа Снајдер.