Навивачите во транс: Милан го договорил Сергеј Милинковиќ-Савиќ!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот фудбалер Сергеј Милинковиќ-Савиќ би можел да го напушти Лацио во последниот ден од преодениот рок.

Според информациите на италијанските медиуми, екипата на Милан се договорила со Лацио и од утре Србинот ќе биде играч на „росонерите“.

Савиќ ќе стигне на едногодишна позајмица, која ќе биде платена 40 милиони евра, а интересно е тоа што клубот ги договорил и лекарските прегледи.

Директорите на Милан, Леонардо и Паоло Малдини, синоќа го договориле трансферот, кој ќе се реализира денеска, барем така пишува „Калчомеркато“.