Официјално: Милан донесе уште едно засилување


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Иако се уште не е потврдено од страна на клубот, Милан и официјално го потпиша репрезентативецот на Уругвај и досегашен член на Џенова, Диего Лаксалт.

Лаксалт во Милан пристигнува за 18 милиони евра, а дека трансферот е готов потврдија на официјалната страна на Серија А од каде посочија дека „Росонерите“ го депонирале неговиот договор во текот на вчерашниот ден.

24 годишниот фудбалер ги помина медицинските прегледи во текот на вчерашниот ден, а веќе почнал и со тренинзи во новиот клуб.

Лаксалт, кој авантурата во Серија А ја започна во дресот на Интер во 2013 година, постигна осум погодоци и беше асистент 12 пати во вкупно 117 натпревари за Џенова.