Сколс: Ливерпул е најголем конкурент на Сити за титулата во Премиерлигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс, смета дека Ливерпул ќе може да му се спротистави на Манчестер сити во Премиерлигата.

„Црвените“ на засилувања потрошија речиси 200 милиони евра, додека Манчестер сити го ангажираше само Ријад Марез.

„Ливерпул им шанса да му биде конкурент на Сити во борбата за титулата. Имаат интересен тим, а стигнаа и добри засилувања. Беше потребен голман, а дојде Наби Кеита кој изгледа многу добро. Ќе биде интересно да се види како Сити ќе изгледа, дали ќе посвети повеќе внимание на Лигата на шампиони“, кажа Сколс.

Двата тима со победи ја почнаа новата сезона во Премиерлигата.