Алегри со шест сигурни стартери за утрешниот натпревар со Киево


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус утре ја отвора новата сезона во Серија А со натпреварот против Киево. Тренерот на „Старата Дама“, Макс Алегри најави  дека од првата минута со сигурност ќе играат новите фудбалери, Роналдо и Кансело.

Алегри исто така посочи дека и повратникот во тимот, Бонучи ќе го стартува натпреварот со Киево, а освен нив од првата минута ќе почнат и Шезни, Киелини и Алекс Сандро.

„Роналдо утре ќе дебитира за Јувентус. Сигурни стартери се: Роналдо, Шчезни, Пјаниќ, Кансело и Алекс Сандро. Од првата минута ќе игра и Леонардо Бонучи кој е доста подготвен“ –коментираше Алегри.