Нема шега со Германецот: Клоп им одржа лекција на незадоволните фудбалери!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, на прес-конференција пред дуелот против Кристал Палас зборуваше за незадоволните фудбалери.

Поради тоа што преодниот рок во Англија е завршен, Клоп очигледно нема повеќе намера да продава фудбалери. Тоа значи дека „црвените“ го комплетираа тимот за наредната сезона.

Сепак, Клоп порача на играчите кои имале проблем со тоа што не се во првио тим, дека имаат проблем со него.

„Што и да се случи до 31. август, јасно е дека ова ќе биде нашата екипа во наредните четири месеци. Но, јас не можам да ги направам луѓето среќни. Кој не може да биде среќен што не е член на екипата на Ливерпул, јас не можам да му помогнам. Ако некој има проблем со тоа да игра подобро од претходно, тогаш има проблем со мене. Постојат многу тешки ситуации во животот“, вели Германецот.

Да потсетиме, по убедливата победа во првото коло против Вест хем, Ливерпул во понеделник ќе игра против Кристал Палас во гости.