Болт пристигна во Австралија: Ова е вистина, не се шегувам!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот атлетичар од Јамајка, Јусеин Болт стигна во саботата во Австралија, каде што ќе се обиде да почне фудбалска кариера.

Спринтерот во наредниот период ќе тренира со австралиски Централ Коус Маринерс. Во клубот се надеваат дека легендарниот спринтер ќе биде подготвен да заигра во А-лигата.

„Не се шегувам, ова е вистина. Овде сум за да покажам што можам. Знам дека сум способен и знам што можам да направам, па ова е голема шанса за мене“, кажа Болт.