Валверде: Ла Лига во САД? Ќе видиме дали ќе се случи тоа…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, вели дека е чудна одлуката на Ла Лига да се игра еден натпревар на територија на САД.

Управата на Ла Лига официјално потврди дека сезонава еден натпревар ќе биде одигран во САД. Во официјалното соопштение не беше наведено зза кој натпревар станува збор и кога ќе се игра.

„Малку е чудна одлуката да се игра во странство. Но тоа беше и во Суперкупот, кој го игравме против Севилја во Мароко… Светот на фудбалот постојано се менува, но ќе видиме дали идејата за играње на територијата на Северна Америка ќе се реализира…“, вели Валверде.

Според правилата на ФИФА било каква одлука за играње на лигашки натпревари во странство мора да бидат одобрени од страна на фудбалскиот сојуз, а шпанскиот уште нема официјално соопштение за целата ситуација.