Можни состави: Алегри со Роналдо ќе го напаѓа Киево


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Конечно заврши чекањето, па од денес ќе бидеме сведоци и на возбудувањата во италијанската Серија А.

Како ретко кога досега во последниве години, италијанскиот фудбал би требало да ни понуди многу возбудувања и доста квалитетен фудбал. Тоа секако се должи на спектакуларните трансфери направени во Италија ова лето.

Јувентус ја отвора сезоната на гостувањето во Верона кај Киево, а во јавноста веќе протече и составот со кој Алегри ќе истрча на денешниот натпревар. Италијанскиот стратег веќе потврди шест стартери, а се насетуваат и оние пет играчи кои не ги спомна Алегри.

Вака би требало да изгледаат почетните состави за вечерашниот натпревар:

Киево: Сорентино, Качаторе, Томовиќ, Бани, Барба, Ригони, Радованивиќ, Хетемај, Бирса, Гјачерини, Степински

Јувентус: Шчезни, Кансело, Бонучи, Киелини, Алекс Сандро, Пјаниќ, Кедира, Бернардески, Дибала, Даглас Коста, Роналдо