Реал Мадрид подготви 70 милиони евра за гол-машина!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Остануваат уште помалку од две недели до крајот на преодниот рок во Шпанија, а Реал Мадрид интензивно бара замена за Кристијано Роналдо, кој се пресели во Јувентус.

Претседателот на клубот, Флорентино Перез, по поразот на „кралевите“ во европскиот Суперкуп од Атлетико Мадрид, реши да потроши 300 милиони евра до крајот на преодниот рок.

Наводно, Перез планира да испрати понуда од 70 милиони евра до ПСЖ за нивната ѕвезда Едисон Кавани.

Сепак, францускиот гигант најверојатно нема да прифати понуда помала од 120 милиони евра за поранешниот играч на Наполи, а „кралевите“ не се подготвени да понудат толку за Уругвацеот.

Во секој случај, Перез ќе се обиде да се договори со Парижаните и да се најде на „половина пат“, односно понудата да достигне до 95-100 милиони евра.