Мајсториите на Мура и Трипиер донесоа нова победа за Тотенхем (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Тотенхем со 3:1 славеше на денешниот натпревар против новиот премиерлигаш, Фулам.

Резултатот го отвори Лукас Мура во 43. минута со фантастичен погодок од работ на шеснаесет метри. Александар Митровиќ на самиот старт на второто полувреме изедначи на 1:1 со чуден гол со глава.

Нова радост за Тотенхем донесе Кјеран Трипие со одличен гол од слободен удар, а точка на натпреварот стави најдобриот играч на клубот, Кејн.

Евертон ја забележа првата победа во новата сезона, а повторно одличен натпревар за Карамелите имаше новото засилување Ричарлисон кој го постигна вториот погодок на денешната средба. Претходно гол за Евертон постигна Волкот, додека стрелец на голот за Саутемптон беше Дани Ингс.

Вест Хем имаше уште еден лош натпревар откако на домашен терен беше поразен од Бурнемут со 2:1. „Чеканите“ уште еднаш не ги оправдаа вложените пари ова лето.

Кардиф- Њукасл 0:0

Евертон- Саутемптон 2:1

Лестер- Вулверхемптон 2:0

Тотенхем- Фулам 3:1

Вест Хем- Бурнемут