Новото засилување на Милан во проблеми: Имал проблеми со срцето!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Докторот на хрватската фудбалска репрезентација, Зоран Бахтијаревиќ, кажа дека постои дијагноза и начин на лечење на Иван Стриниќ.

„Станува збор за дијагноза и случаи какви што сме имале во минатото. Мирувањето од спортските активности е мерка на претпазливост и по неколку недели ќе биде испратен повторно на прегледи на кои очекуваме позитивни реакции на срцевиот мускул. Секако дека ситуацијата внимателна ќе ја следиме и Иван ќе има врвни специјалисти околу него“, кажа Бахтијаревиќ.

Хипертрофијата, односно зголемувањето на срцевиот мускул може да предизвика изненадна смрт кај спортистите.