Големи проблеми за Мурињо пред натпреварот со Брајтон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо се соочува со дополнителни проблеми пред натпреварот со Брајтон кој ќе се одигра во текот на денешниот ден на „Амекс Стадионот“.

Португалецот има неколку фудбалери кои отсуствуваат поради повреда, а овој натпревар веројатно ќе го пропушти и Алексис Санчез кој не беше забележан на аеродромот кога тимот заминуваше за Брајтон.

Се уште не е познато  дали се работи за некоја повреда или причината поради неговото изоставање е друга.

Постојат шпекулации кои говорат дека Санчез би пристигнал во Брајтон во приватна режија, па би бил подготвен за вечерашниот натпревар, но тоа веројатно нема да се случи.