По судирот со Роналдо, Сорентино заврши во болница (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голманот на Киево, Стефано Сорентино се наоѓа во болница по судирот кој го имаше со Кристијано Роналдо на вчерашниот воведен натпревар од Серија А.

Искусниот 39 годишен голман остана без свест при една интервенција по која Манџукиќ постигна погодок кој беше оправдано поништен поради фаул врз голманот.

Сопругата на Сориано објави фотографија од болница во која се гледа голманот со штитник на вратот. Сорентино заработил и фрактура на носот, а за среќа нема дополнителни повреди,па наскоро ќе може да се врати на терените.