Барселона сакаше играч на ПСЖ, но во последен момент им го „краде“ Реал Мадрид!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лионел Меси имаше желба до Барселона да го купи Адриен Рабио, но сега во пол-позиција за неговиот потпис е Реал Мадрид.

Според француските медиуми, Реал ќе понуди 70 милиони евра за Рабио, кој неодамна се споменуваше како потенцијално засилување на Барселона.

Французинот одби нов договор со ПСЖ, а Барселона не сакаше да го купи за 50 милиони евра, туку се надеваше дека ќе го добие бесплатно наредното лето.

Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез, ќе се обиде да им ја расипе идејата на Каталонците.

Реал во екипата веќе ги има Лука Модриќ и Тони Крос, но Рабио би можел да им биде од голема помош бидејќи е помлад од нив.