Ново тениско класико: Федерер против Ѓоковиќ за трофеј во Синсинати!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вечерва од 22 часот се игра финалето на Мастерсот во Синсинати помеѓу Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

Двајцата тенисери ќе го одиграат 46. меѓусебен натпревар, а Ѓоковиќ уште го нема освоено овој Мастерс, па финалето за него ќе има посебна важност.

Федерер досега има седум трофеи во седум финалиња на Синсинати, па и вечерва ќе биде фаворит во средбата против најдобриот српски тенисер.

Федерер во полуфиналето беше подобар од Давид Гофан, кој му го предаде натпреварот по вториот сет, а претходно ги исфрли Станислас Вавринка, Мејер… Ѓоковиќ играше со Григор Димитров, Манарино….