Алегри поради Роналдо „удри“ по играчите за врска на Јувентус!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кристијано Роналдо вчера дебитираше во победата на Јувентус со 3-2 во Верона против Киево.

Португалецот не успеа да постигне гол, а стратегот на „Старата дама“ ги критикуваше играчите за врска кои очигледно не играле доволно добро и не го следеле Роналдо.

„Роналдо тренира со нас седум дена и одигра навистина добро. Штета што не постигна гол. Неговата ефикасност зависи од играчите кои се околу него. Имаше неколку удари кон голот и неколку добри движења кои не ги следеа неговите соиграчи“, вели Алегри.

Иако Јувентус водеше со 1-0, сепак Киево направи пресврт, па гостите од Торино во последните 15 минути мораа да бркаат победа.