Пресврт во „случајот Модриќ: Хрватот ќе сведочи против Реал Мадрид!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ ќе остане летово во Реал Мадрид, иако се поврзуваше со Интер неколку недели.

Претходните недели се шпекулираше дека Хрватот ќе се пресели во Интер, а дури и агентот на Модриќ призна дека играчот сакал да ја продолжи кариерата на „Џузепе Меаца“.

Меѓутоа, Реал не сакаше да го продаде својот фудбалер, а на Интер му се заканија дека ќе ги тужи затоа што го контактирале Модриќ без нивна дозвола. Интер го демантираше тоа, а во италијанската јавност се појави вест дека Хрватот всушност прв ги контактирал нив.

Наводно, ФИФА го контактирала Модриќ по жалбата на Реал, а тој кажал дека сам барал да контактира со Интер, зашто сакал да потпише договор со нив.

Модриќ прво зборувал со соиграчите од репрезентацијата Иван Перишиќ, Брозовиќ и Врсаљко и донел одлука да им се приклучи кај „нераѕурите“.