Еден Азар денеска донесе конечна одлука за својата иднина!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерот на Челси, Еден Азар, донесе конечна одлука за својата кариера.

Постојано се шпекулираше летово дека Азар ќе се пресели во Реал Мадрид, но репрезентативецот на Белгија на крајот донесе одлука која ги растажи навивачите на шпанскиот клуб.

„Сите знаат што реков по Светското првенство. Но, среќен сум тука. Имам уште две години од договорот и ќе видиме што ќе се случи. Нема да заминам годинава“, кажа Азар.

Азар во Реал сакаа да го ангажираа откако Кристијано Роналдо се пресели во Јувентус и беше план на Флорентино Перез да го купи него и Тибо Куртоа во пакет, но Челси го пушти само голманот.

Белгиецот е еден од најдобрите крилни фудбалери на светот во моментов, а во Челси одигра 210 натпревари од пристигнувањето од Лил во 2012. Година и освои две титули во Премиерлигата, ФА Куп, Лига Куп, Лига Европа…