Без никакви изненадувања: Стеф Кари откри каде сака да ја заврши кариерата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стеф Кари, еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата, очигледно знае каде ќе ја заврши кариерата.

Двократниот МВП на НБА-лигата кажа дека до крајот на кариерата сака да настапува за Голден Стејт вориорс, а тоа нема да ги воодушеви навивачите на другите НБА тимови.

„Сигурен сум дека ќе останам тука. Ова е мојот дом. Тоа е место каде што сакам да бидам до крајот на кариерата“, кажа Кари.

Инаку, Кари од 2009. година е во Голден Стејт, а со нив освои три титули во НБА-лигата во 2015, 2017 и 2018. година.