Фотографија која ќе ви ги стопли срцата, Давид Силва го покажа своето синче (Фото)

0

Фудбалерот на Манчестер Сити, Давид Силва на теренот на „Етихад“ излезе со својот син Матео кој долго време беше во болница.

Малиот Матео беше предвреме роден во 25 недела од бременоста на сопругата на Силва, и од декември навака шпанскиот голгетер минуваше низ животна голгота. Пеп Гвардиола во неколку наврати му дозволи да замине од тимот за да биде заедно со сопругата, а неколкумесечните талкања по болниците конечно вродија со плод, па денес сите го видовме бебенцето Матео кое беше главна тема на „Етихад“.

Силва го постигна четвртиот гол на Сити во деннешната убедлива победа против Хадерсфилд, па со бакнување на тетоважата на раката го прослави истиот. Силва по раѓањето на неговиот син го истетовира на неговата рака и под тетоважата напиша „Никогаш не се предавај“. Од тогаш Шпанецот секој погодок го прославува на идентичен начин.

Advertisements
Share.