Манчестер Јунајтед шокиран од Брајтон (Видео)

0

Манчестер Јунајтед по победата во првото коло против Лестер доживеа шокантен пораз од 3:2 на гостувањето кај Брајтон.

„Црвените ѓаволи“ повторно одиграа здодевен натпревар и може да се каже дека сосема заслужено загубија од Брајтон кој одигра онолку колку што беше потребно за да се совлада големиот фаворит.

Резултатот го отвори Глен Мареј со луциден гол, за веднаш потоа на 2:0 да зголеми Шејн Дафи. Ромелу Лукаку во 34 .минута го намали резултатот, но само десет минути подоцна Грос погоди за 3:1.

Овој резултат беше на сила до самиот крај кога Пол Погба успеа да реализира удар од 11 метри за конечни 3:2 за Брајтон.

Advertisements
Share.