Го нема Роналдо, ги нема ниту навивачите: Реал со најмалку гледачи во последните 10 години!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид со победа од 2-0 против Гетафе ја почна новата сезона во Ла Лига, но првиот натпревар во ерата без Кристијано Роналдо влезе во историјата на негативен начин.

„Сантјаго бернабеу“ имаше само 48.466 гледачи, а тоа е најмалку во последните 10 години, поточно од 2009. година кога имаше само 44.270 гледачи.

Но, тоа беше последен натпревар од сезоната, по низа од пет изгубени натпревари по ред, која почна со поразот од Барселона (2-6).

Факт е дека натпреварот се играше многу доцна (22.15) поради големата топлина, но тоа се случуваше и во претходните 10 години, но тогаш имаше многу повеќе навивачи на трибините поради Роналдо.

Доколку сака да не се повтори ваквата сцена на стадионот во Мадрид, претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез, ќе мора да го „одврзе ќесето“ и да купи некоја ѕвезда до крајот на преодниот рок.