Модриќ: Најголема лага во историјата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хрватот стави точка, а што точно се случувало нема да дознаеме, бидејќи секој има своја верзија на приказната.

Лука Модриќ беше прилично изнервиран од тврдењата на медиумите дека сам се нудел на Интер.

Имено, според шпекулациите Реал ќе го пријави Интер, бидејќи разговарал и преговарал со играч кој е под договор, поради што Италијанците можат да бидат казнети.

Ова тие го демантираа, а наводно Модриќ рекол дека сам барал контакт со Интер, со цел да направи трансфер таму.

Меѓутоа Хрватот се огласи.

„Јас сум барал да заминам во Интер, јас сум ги контактирал? Па ова е најголемата лага во историјата“, иритирано прокоментирал Модриќ, кој остана голем летен сон на Интер.

Што се се случувало, тешко е да се каже, секој има своја верзија, но Перез не ни сакал да чуе, Модриќ да замине од Мадрид.