Тренерот го исфрли од екипа, а тој му се врати со пријателите за да го претепа!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во неделата се случи срамен инцидент во српскиот фудбал, а најлошо помина Милан Босанац, тренерот на Слобода од Ужице.

Откако од екипата го исфрлил Немања Кнежевиќ, тој дошол со пријателот во клупските простории за да се пресмета физички со тренерот.

На крајот спортскиот директор на клубот Божидар Опачиќ и припадниците на полицијата спречиле посериозен инцидент.

Клубот потоа веднаш ја раскина соработката со Кнежевиќ, а Босанац исто така ја раскина соработката со екипата од Ужице.