Неверојатно: Клоп сакал да се откаже од Алисон поради Кариус!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп, призна дека за малку ќе се откажел од услугите на Алисон Бекер поради критиките на сметка на Лорис Кариус,

Кариус доби голем број на критики во последниот период, па сега доби замена на „Енфилд“. Алисон го презема местото во првиот тим, додека Германецот најверојатно ќе замине од екипата.

„Финалето во Лигата на шампиони немаше никаква врска со тоа што го купивме Алисон. Дури и да победевме, ќе го ангажиравме. Поради тоа што го критикуваа Кариус, размислував да не го купиме Алисон. Меѓутоа, моравме да бидеме професионални“, кажа Клоп.

Алисон беше на голот на Ливерпул во првото коло од Премиерлигата, кога го победија Вест Хем со 4-0.