Италија заљубена во Роналдо, она што го направи во саботата покажува каков човек е


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италјанците беа воодушевени од најдобриот фудбалер на светот, а голманот на Киево кој го фрустрираше Роналдо цел натпревар откри што се случило вечерта.

Роналдо одигра добар натпревар на дебито во Верона, недостигаа голови, шутираше шест пати, а два пати Сорентино спасуваше сигурни голови.

Тоа го фрустрираше Кристијано, но на крај Јуве се радуваше кога успеаа да направат пресврт во резултатот и со голот на Бернадески стигнаa до бодовите.

Кристијано Роналдо подобро играше кога играше на левата страна но тоа ќе биде слатка мака за Алегри за следниот викенд кога Јувентус ќе игра против Лацио бидејќи ќе треба да му најде соодветно место на Дибала, а од друга страна се чини дека Бернадески е подобар и многумина тврдат дека заслужува да игра пред Аргентинецот.

Сепак, денес доминира веста околу постапката на Роналдо.
Во еден дуел кога Јувентус постигна гол кој беше поништен после консултацијата односно употребата на ВАР технологијата, Роналдо се судри со Сорентино кој падна во несвест и мораше да биде заменет.

На Дибала му беше замерено што го славел голот додека голманот на Киево без свест се наоѓаше на земја, а подоцна и тој ги прифати критиките и се извини истатата вечер.

Сорентино се чувствува добро, а ветеранот откри што се случило во саботата вечерта.
,, Роналдо ми испрати порака, беше навистина загрижен поради она што се случи, се интересираше дали сум добар. Ти благодарам легендо!”- Напиша Сорентино на својот Твитер профил.