Тони Крос со занимлива изјава после победата против Гетафе


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид со победа ја започна новата сезона во Ла Лига и славеше над Гетафе, а еден од најдобрите играчи на теренот беше Тони Крос.

Сите сакаа да видат како Реал ќе ка започне новата сезона. После поразот во УЕФА Купот против Атлетико Мадрид, Реал новата сезона во Ла Лига ја започна триумфално со рутинска победа против Гетафе од 2-0 на Сантијаго Бернабеу.

Цел свет гледаше како Реал ќе игра без главната ѕвезда, но навивачите не сакаa да дојдат на стадионот па тој едвај беше исполнет до пола.

Тони Крос беше еден од најдобрите играчи на натпреварот против Гетафе. Германецот ги одигра сите 90 минути, а после победата излезе една многу чудна негова фотографија на која се гледа дека тој е уморен после натпреварот на што тој одговори:
,,Посреќен сум отколку што изгледа, но обично спијам во ова време”.

Крос со оваа изјава алудираше на доцна одиграниот натпревар кој започнал во 22.15 часот, а завршил некоја минута после полноќ, дефинитивно e многу доцна.