Реал Мадрид купува играч за 75 милиони евра од Германија!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Дон Балон“ пишува дека Реал Мадрид до крајот на преодниот рок ќе ангажира уште едно засилување во своите редови.

Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез, подготвил 75 милиони евра за играчот на Борусија Дортмунд, Џулијан Вајгл.

Според медиумите, Касемиро е непотребен во новата формација на Хулен Лопетеги, па тренерот сака да го купи 22-годишниот Германец кој би требало одлично да се прилагоди во екипата.

Перез веќе почнал преговори со Германецот, па ќе видиме до крајот на преодниот рок дали ќе го реализираат трансферот.