Сепак ќе играте со Роналдо, лиценцата договорена, Серија А се враќа на ФИФА 19


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Љубителите на играта со нетрпение очекуваат EA Sports да го објави датумот кога ФИФА 19 ќе се појави во продажба.

Веќе со месеци се најавува датумот на издавање, а EA Sports најави доста изненадувања. Веќе е познато дека добија лиценца за Лигата на шампионите.

Исто така, на списокот помеѓу најсилните лиги се придружи и Серија А, која сега во право светло ќе биде дел од ФИФА 19. EA Sports неколку години беше без лиценца за натпреварите во Серија А, но повторно успеаја да направат договор.

EA Sports потврди дека во новата лиценца на ФИФА  ќе ги има Серија А, Серија Б и Купот на Италија. Во претходните изданија на оваа игра, натпреварувањата едноставно се викаа Calcio A, Calcio B и без прави графики и се што оди заедно со натпреварувањата на Апенините.