Рајола „удри“ по Сколс: Ти би требало да бидеш спортски директор на Јунајтед!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пол Погба е во центар на внимание бидејќи интерес за неговите услуги, наводно, покажала Барселона, па би можел Французинот да замине од Манчестер јунајтед.

Поради интересот на Каталонците, во јавност се огласи Пол Сколс, легендата на Јунајтед, која го критикуваше Французинот и кажа дека би требало да замине од клубот.

Сепак, кратко потоа се огласи и агентот на Погба, Мино Рајола, кој одговори на критиките.

„Пол Сколс би требало да е спортски директор на Јунајтед и треба да го советува Вудвард да го продаде Погба. Тоа би биле непреспиени ноќи додека му најдат нов клуб на Погба“, напиша Рајола.