Легенда на Арсенал со порака до Мурињо: Ајде човеку, што правиш, ќе уништиш сè!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот играч на Арсенал, Јан Рајт, смета дека никој не може да биде задоволен со ситуацијата во Манчестер јунајтед.

Во текот на викендот, „црвените ѓаволи“ во второто коло во Премиерлигата беа поразени од Брајтон со 3-2. По лошиот резултат, англиските медиуми почнаа да пишуваат за тешката состојба на „Олд Трафорд“.

„Без разлика колку го почитувам како менаџер, не го гледам на начин на кој може да направи пресврт. Сите го знаеме Мурињо каков е во третата година. но, очигледно и тој го прифаќа тоа. Ми доаѓа да викнам – Ајде човеку, што правиш, ќе уништиш сè. На многу начини ова ме потсетува на последните денови на Арсен Венгер“, вели Рајт.

И покрај случувањата, од клубот порачаа дека Португалецот ја има нивната поддршка.