Дортмунд ќе купува играч на Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Борусија Дортмунд планираат да испратат понуда до Барселона за нивниот играч, Пако Алкасер.

„Л’Екип“ пишува дека клубот од Германија ќе го побара Алкасер на едногодишна позајмица, а потоа ќе одлучи дали во целост ќе го откупи неговиот договор.

„Милионерите“ се во потрага по замена за Мичи Батсуаи кој не се врати на „Сигнал идуна Парк“ по успешните шест месеци поминати како позајмен фудбалер од Челси. Наместо тоа белгискиот напаѓач ги засили редовите на Валенсија.

Сега од Борусија се насочиле кон Алкасер за кого интерес има од Реал Бетис и Алавеш.