Поддршка за Мурињо


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дали ова ќе промени нешто?

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунатед, Жозе Мурињо има подршка од раководството на клубот и покрај поразот од Брајтон, пренесуваат денес британските медиуми.

После лошиот резултат се појавија шпекулации дека Мурињо би можел да биде сменет, а на негово место наводно ќе биде донесен Зинедин Зидан.

Мурињо е на мета на критика од јавноста, но до смена не би требало да дојде.
Португалскиот стручњак често го критикуваше раководството во јавност и беше видно незадоволен од политиката околу трансферите во летниот преоден рок.

Јунајтед го донесе само бразилскиот фудбалер за врска Фред, како и португалскиот бек Диего Дало кој е повреден.

Манчестер Јунајтед сезоната во Премиер лигата ја започна со победа над Лестер но во второто коло со 3:2 изгуби од Брајтон.