Двата тима од Мадрид го посакуваат играчот на Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид и Атлетико Мадрид ќе водат уште една битка во последните денови од преодниот рок.

Медиумите во Шпанија пренесуваат дека двата клуба се заинтересирани во своите редови да го донесат играчот на Челси, Маркос Алонсо.

Алонсо одлично ја започна сезоната во Премиер лигата и веќе има запишано две асистенции и еден погодок во дресот на Сините.

Од Реал бараат замена за Тео Ернандез кој замина во Сосиедад на позајмица, а знаејќи дека и Марсело е во години, Алонсо би бил перфектно решение за нив. Од Атлетико пак го посакуваат Алонсо како опција доколку Фелипе Луис си замине во ПСЖ.