ВАР ќе се користи и во Лигата на шампионите?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Челните лица на Европската фудбалска федерација (УЕФА) размислуваат од оваа година да ја воведат ВАР технологијата и во Лигата на шампионите.

Искуството од последното Светско првенство, каде ВАР системот работеше речиси без грешка ги натера првите лица на УЕФА да размислат за воведување на асистентот судија и на натпреварите од најелитното клупско натпреварување.

Наводно истото би се користело од четвртфиналните натпревари, а оваа одлука ќе биде потврдена на 30 август кога во Монако ќе биде одржана и ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите.