Евертон со парите од Џонс носи две одлични засилувања?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Евертон вчера го продаде Стонс за 59 милиони евра и веќе тргна да се расфрлува.

Капитенот и стоперот на Свонси е на чекор од Гудисон за 12 милиони евра, но тука не е крај, Евертон вчера попладне ја зголеми понудата за крилото на Кристал Палас Јаник Боласи на 35 милиони евра!

Имено, Евертон неодамна испрати понуда од дваесет милиони, Палас лесно тоа го одби, но прашање е дали ќе може да одбие сума од 35 милиони евра.

Доверливиот Скај Спорт пренесува дека до договор брзо ќе дојде и дека Кристал Палас ќе заработи од прадажбата на Боласи и ќе ги искористи за трансфер на Кристијан Бентеке од Ливерпул.

Продажбата на Боласи за 35 милиони ера ќе биде и најскапо продавање на играч во историјата на Кристал Палас.