Бразилскиот олимпиец на чекор од Стенфорд Бриџ


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Претседателот на Сантос стигна во Лондон на финални преговори и се очекува зделката наскоро да биде завршена.

„Сините“ се на добар пат да го доведат во своите редови талентираниот играч за врска Тиаго Маја, тинејџерот кој ги брани боите на тековниот олимписки турнир во татковината.

„Стандард Спорт“ излезе со податоци дека Челси спреми 15 милиони фунти за реализација на трансфер, а доаѓањето на првиот човек на Сантос Модесто Рома во главниот град на Англија може да значи дека е договор на повидок.

19-годишниот последен играч за врска е желба и на Пари Сен Жермен, но како што стојат работите,Светците ја загубија оваа битка.

Маја досета запиша 70 настапи за Сантос во сениорска конкуренција и постигна два гола. Сантос во оваа година го освои шампионатот Паулиста, а овој олимпиец е избран во идеалниот тим на тоа натпреварување.