Уште еден пораз и збогум: Барнли ќе ја реши судбината на Жозе Мурињо!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Жозе Мурињо наводно се наоѓа пред отказ во Манчестер јунајтед. Тие влегоа катастрофално во новата сезона. Имаат само три бода од три натпревари.

Мурињо жестоко реагираше по најновиот пораз од Тотнем (0-3). Португалеот бараше почит од медиумите бидејќи во моментов тој е најтрофеен тренер во Премиерлигата.

Играчите и тренерскиот персонал на Јунајтед се убедени дека клубот ќе му даде отказ на Мурињо ако го загуби натпреварот против Барнли во недела.

Мурињо има поддршка од играчите. Сите се заедно, но на крајот ќе пресуди Ед Вудворд. Потпретседателот на Јунајтед не е во добри односи со Португалецот, па останува да се види дали ќе се разделат со нивниот тренер.