Атлетико ќе заработи 18 милиони на играч кој одигра за нив само еден официјален меч


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Свонси до пред три дена беше без ниту еден професионален напаѓач во екипата, но денеска работите можат да бидат подогри за навивачите.

Прво пред три дена стигна некогашниот фудбалер на Јувентус и Атлетик Билбао Фернандо Љоренте, а денеска од шпанска Примера стигна уште еден фантастичен напаѓач, и тоа многу млад.

Од Атлетико Мадрид стигнува спектакуларниот Борха Бастон, фудбалер кој играше на позајмица во Еибар во минатата сезона и постигна 23 гола со екипа од такво реноме.

На крајот на сезоната се врати во Алетико, но Диего Симеоне се одлучи да заработи и да земе 18 милиони фунти, што е рекорден износ за Свонси (досегашниот рекорд го држеше Вилфред Бони).

Така Атлетико го продаде фудбалерот кој одигра само еден единствен меч во клубот за неверојатни 18 милиони фунти, а стигна бесплатно. Кој рече дека не се мајстори за зделки?!