Лејкерс се подготвува за нови ѕвезди: Го раскина договорот со еден кошаркар!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс се договорија да го раскинат договорот со Луол Денг. Тој беше отпишан уште минатата сезона и тоа по само еден антпревар, а на него не планираа да сметаат ниту сезонава.

Неговиот договор од 36 милиони долари, кои требаше да ги заработи во наредните две години претставвуаше проблем затоа што поради него немаа доволно простор да донесат уште некоја ѕвезда.

Поранешната ѕвезда на Чикаго булс во Лејкерс помина две сезони, а играше и две сезони за Мајами и неколку месеци за Кливленд.