Неверојатно: Џејмс за три секунди на паркетот заработува една просечна плата! (ФОТО)

0

Леброн Џејмс потпиша  четиригодишен договор со Лос Анџелес лејкерс и ќе заработи повеќе од 153 милиони долари за тој период.

Џејмс ќе заработува 38,3 милиони долари по сезона, 467.000 долари по натпревар, 117.000 долари по четвртина, 9.700 долари по минути и 162 долари по секунда.

Поточно, ќе му бидат потребни неполни три секунди на паркетот за да добие просечна плата на еден работник во Македонија, која според Заводот за статистика изнесува 24.203 денари.

Advertisements
Share.