Кузмановски го доби посакуваниот раскин на договорот, играчот продолжува во Македонија?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од најдобрите млади ракометари, Филип Кузмановски го доби раскинот на договорот со Металург кој го побара директно од РФМ.

Кузмановски на ваквиот чекор се реши поради тоа што од Металург не му имале исплатено минимум пет плати, па сега играчот ќе биде слободен да ја бира новата средина.

Во игра се неколку тимови, но јавноста во Македонија шпекулира дека следен клуб на Кузмановски ќе биде Еурофарм Работник.  Таму бекот ќе треба да ја помине оваа сезона, а веќе од следната ќе се пресели во најсилната лига во светот, Бундеслигата, каде што има договор со тимот на Магдебург.