Бразилецот повторно во центар на внимание: Нејмар откри зошто паѓа на натпреварите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во текот на Светското првенство паѓањето на Нејмар беше во центар на внимание. Новиот капитен на Бразил по враќањето во татковината се обиде да објасни зошто често паѓа на натпреварите.

Бразил на Мундијалот стигна до четвртфиналето, а селекторот Тите остана на тренерската позиција. Денеска го постави Нејмар за нов капитен, а токму него многумина го критикуваа поради однесувањето на теренот.

„Јас сум играч, кој ако добие топка десет пати, 11. пат се обидувам да го поминам мојот противник. Знаете како е тоа, побрз сум, полесен сум и понекогаш прават прекршоци на мене. Не ми дозволуваат да ги поминам. Не можам да одам на мојот противник и да го прашам дали ќе ме пушти. Затоа имаше премногу прекршоци на мене на Светското првенство. Тоа не е нешто што сакав да се случи“, кажа Нејмар.

Бразил во текот на репрезентативната пауза игра пријателски натпревари против САД и Ел Салвадор.