Надал сигурен на врвот, Ѓоковиќ блиску до Федерер на АТП-листата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ напредуваше за три позиции и на денешната АТП-листа е на третата позиција со 455 бодови помалку од Роџер Федерер.

По триумфот во финалето на Ју-Ес опен, Ѓоковиќ сега има 6.445 бодови, односно 455 помалку од Федерер. Додека на врвот уште е Рафаел Надал со 8.760 бодови.

На четвртата позиција се наоѓа вториот финалист во Њујорк, Хуан Мартин Дел Потро со 5.980 бодови, а Александер Зверев има 4.890.