Интер во страв: Тешка повреда на новајлијата?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ова би било ова голем удар за ,,Нероазурите”.

Навивачите на Интер со страв го следеа вчерашниот меч меѓу Шпанија и Хрватска, а причината не е тоа што Фуријата го декласира актуелниот вицешампион во светот.

Причината беше повредата на нивниот десен бек, Шиме Врсаљко.

Врсаљко се повреди во 20та минута од мечот, а сите помислија дека во прашање е тешка повреда бидејќи хрватскиот десен бек веднаш покажа дека му е потребна замена и дека не може да го продолжи натпрварот, свесен дека повредата би можела да биде и посериозна.

Како што пренесуваат медиумите, хрватскиот медицински тим смета дека играчот доживеал сериозна повреда на левото колено, а стравуваат дека во прашање е слична повреда како и минатата година поради која тој пропушти добар дел од минатата сезона во Атлетико Мадрид.

Врсаљко сигурно нема да игра против Тотенхем следната недела во првото коло од Лигата на шампионите.