Ал-Келаифи: Јувентус ни е најголем ривал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И во новата сезона ПСЖ влезе со цел да направи исчекор во Лигата на шампионите.

Парижаните веќе неколку години „јуришаат“ кон пехарот, а во овој клуб како главен конкурент го гледаат Јувентус кој во изминатиот преоден рок се засили со Кристијано Роналдо.

„Со Роналдо, Јувентус ни е прв конкурент за Европа“, изјави првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, пренесуваат странските медиуми.

Во групната фаза ПСЖ ќе игра против Црвена Ѕвезда, Наполи и Ливерпул.