Кедира во Јувентус до 2021. година


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кедира соработката со италијанскиот првак ја продолжи до 2021. година со што стави точка на шпекулациите дека на крајот од сезоната ќе го напушти Торино.

Одличниот играч за врска на Јуве пристигна пред три години и со клубот освои три Скудета и Купот и еден Суперкуп. Вкупно за Јуве настапи 113 пати и запиша импресивни 86 победи.

Играјќи за Јуве, Кедира постигна 20 голови и 13 асистенции и веќе долго време претставува една од клучните карики во везиот ред во редовите на Јуве.