Лопетеги: Тажно е тоа што го прават каталонските екипи како Барселона и Џирона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, вчера кажа дека е против идејата на Ла Лига да се играат натпревари во САД.

Управата на Ла Лига поради маркетинг сакаа да направат голем чекор, а еден натпревар беше договорен да се игра во САД. Тоа треба да се случи во јануари наредната година кога Барселона и Џирона ќе играат во САД, а тоа го потврдија и од клубовите.

Поголем дел од екипите во Шпанија се против идејата и не го крие Лопетеги своето разочарување поради тоа што Барселона и Џирона се согласиле на ваков потег.

„Зборував за ова и не ми се допаѓа идејата на Ла Лига. Мислам дека клубовите треба да играат на свои терени, а не некаде во Америка. Тажно е тоа што го прават екипи како Барселона и Џирона“, вели Лопетеги.